искористено субвенционирање Во овој дел ви претставуваме едно од многуте позитивни искуства на Наши клиенти... кои ги искористија средствата од програмата за субвенционирање за замена на врати и прозорци. Во продолжение го цитираме клиентот: " Тешко дека ќе бев во состојба да ги заменам вратите и прозорците на мојата куќа ако не добиев на лотаријата. Со години наназад го одлагавме ова и покрај тоа што имавме проблем и во лето и во зимо. Аплицирав и не очекував да бидам извлечен. Екипата на Јанпласт претходно веќе беа кај мене и земаа мерки и се договоривме за монтажа. Навистина професинално завршена работа , мојот долгогодишен проблем се реши за еден ден. Со помош на субвенциите најпосле имав доволно средства не само да ги заменам туку и да користам повисок квалитет. Во прво време од укажувањата на луѓето од јан пласт искрено мислев дека сакаат да ми продадат нешто поскапо , но веќе со доаѓањето на следната зима ми стана јасно што се обидуваа да ми објаснат и ми беше мило што ги прифатив нивните препораки.